Posts

Showing posts from June, 2025
Image
 Могила на непобедените  Могилата на непобедените  — меморијален комплекс во Спомен паркот на   Револуцијата во Прилеп Комплексот бил изграден во 1961 година во чест на загинатите борци од НОВ, според проект на архитектот Богдан Богдановиќ. Меморијалниот комлекс е составен од два дела: Заедничка гробница-крипта и спомен урни. Во едниот дел се подигнати мермерни урни, слични на античките. Најголемата урна со симбол на вечен пламен ја претставува непокорноста на македонскиот народ. Во вториот дел се наоѓа криптата - заедничката гробница, каде во мермерните плочи се вклесани имињата на паднатите борци, кои го положиле животот за ослободување на Македонија. Во периодот 2007-2008 комплексот бил целосно ревитализиран.

Прилеп

Image
Старата Прилепска чаршија Чаршијата во Прилеп се развила уште од создавањето на самиот град , но во тоа време наместо чаршија била наречена Прилепски пазар на тој пазар луѓето вршеле трговија на стока и прехранбени производи. Исто така голема значајност во прилепскиот пазар имале бакалниците од кои селаните се опремувале за подолг период со храна и други потребни материјали. Старата чаршија е урбанистички комплекс, којшто својот најголем подем го има во вторта половина на осумнаесеетот век и почетокот на деветнаесеетиот век кога во тој период Прилеп бил многу развиен трговски и занаетчиски град. Во втората половина на деветнаесеетиот век, по серијта пожари која ја зафатиле старата чаршија во Прилеп во 1854,1866 и 1873 година економската и трговскта моќ на страта чаршија опаднала. Денешниот изглед старата чаршија го добила во втората половина на деветнаесеетиот век а комплексните проблеми, кои го исполнуваат оштественото живеење во овај период , исполнет со кризни состојби на сите нивоа...